Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам
- Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, информира денеска во соопштение АСО.
Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, информира денеска во соопштение АСО.
Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи. Значаен придонес кон позитивната оценка, објаснува АСО, имаат и актите, анализите и проценките донесени од страна на Агенцијата и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.
Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Од АСО истакнуваат дека ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Извештајот за нашата земја беше усвоен на 65-тата пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.
Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Северна Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).лв/са/
фото: Лого АСО