• вторник, 17 декември 2024

Сириските Курди повикуваат на целосен прекин на борбите

Сириските Курди повикуваат на целосен прекин на борбите

Дамаск, 16 декември 2024 (МИА) - Сириските Курди, кои контролираат дел од североисточна Сирија, денеска повикаа на целосен прекин на борбите на сириска територија и подадоа рака на новата влада во Дамаск.

Во изјавата што пред новинарите во Рака ја прочита курдскиот функционер Хусеин Отман, тој повика на „престанок на воените операции низ сириската територија со цел национален дијалог“.

Коалицијата предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам ја презеде власта во Дамаск на 8 декември, по офанзивата започната од северна Сирија.

Во исто време, протурските вооружени групи започнаа офанзива против курдските сили во североисточниот дел на земјата.

Сириските Курди ја нагласуваат потребата од „зачувување на единството и суверенитетот на сириските територии“ и „заштита од нападите на Турција и нејзините платеници“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан