СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите
- Партискиот огранок на СИРИЗА од Солун излезе со осуда на „варварскиот упад на маскираните Златнзорци“ во општинската галерија во Солун на изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 април 2023 (МИА) – Партискиот огранок на СИРИЗА од Солун излезе со осуда на „варварскиот упад на маскираните Златнозорци“ во општинската галерија во Солун на изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, велат дека очекуваат од Владата и партијата Нова демократија „да заземе став и практично да ги осуди вистинските непријатели на демократијата“. ср/ац/
Фото: СИРИЗА