• вторник, 12 ноември 2024

Синдикат на работници од шумарство: Пожарите го потврдија значењето на „Национални шуми“ и на вработените

Синдикат на работници од шумарство: Пожарите го потврдија значењето на „Национални шуми“ и на вработените
Скопје, 13август 2021 (МИА) - Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика денеска преку соопштение изрази огромна благодарност до вработените и членовите на Синдикатот во ЈП „Национални шуми“ за, како што велат, извонредните напори што беа правени во спречувањето на огнената стихија. - Изразуваме посебна благодарност и до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, припадниците на АРМ, МВР и на сите други институции, централни и локални и посебно на месното население, кои несебично се вклучија ризикувајќи ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари, се вели во соопштението. Според Синдикатот, и оваа природна катастрофа го покажа и го потврди значењето на ЈП „Национални шуми“ и дејностите кои ги врши, како и значењето и потребата на вработените во овој систем. Посочуваат на потребата од дополнително вложување во материјалните ресурси и од зголемување на платите на вработените и нивна редовна исплата, како и соодветна трансформација и зачувување на работните места и унапредување на човечкиот и материјалниот потенцијал. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан