• четврток, 07 ноември 2024

Симулациската вежба за „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација на свињи”

Симулациската вежба за „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација на свињи”

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Северна Македонија денеска и утре во Скопје ќе спроведe симулациска вежба „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација на свињи”.

Како што информираат од АХВ, симулациската вежба се организира со техничка и оперативна поддршка на проектот „Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храната“ кој е финансиран од ЕУ.

АХВ ги информира граѓаните дека не станува збор за реална ситуација, односно активностите кои ќе бидат преземени во претстојните два дена од стручни лица на Агенцијата за храна и ветеринарство се поврзани исклучиво со спроведувањето на симулациската вежба.

Целта на вежбата, како што посочуваат, е да се утврдат добрите и слабите страни на одговорот при евентуална појава на африканска чума кај свињите, која е предмет на плановите за итни мерки на Агенцијата.

Од Агенцијата најавуваат дека на симулациската вежба ќе учествуваат претставници од Агенција за храна и ветеринарство, од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и експерт од Европската унија (ЕУ).фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан