Симеска Димоска на трибина Агенда Локална самоуправа: Лидери сме во дигитализација на општините
- Новата влада предводена од СДСМ ќе продолжи со обезбедувањето на брзи и квалитетни услуги во општините. Во изминатиот период преземени се низа мерки и активности во насока на поддршка на един
Скопје, 8 февруари 2020
Новата влада предводена од СДСМ ќе продолжи со обезбедувањето на брзи и квалитетни услуги во општините. Во изминатиот период преземени се низа мерки и активности во насока на поддршка на единиците на локалната самоуправа. Навремените и квалитетни услуги се поврзани со процесот на дигиталзиација на административните служби. Нашата држава е лидер во регионот во однос на процесот на дигитализација и тоа е мотив да ја спроведеме целосно во сите општини„- изјави Анета Симеска Димоска, пратеничка и членка на Комисијата за локална самоуправа, како учесник на трибината во Велес, од циклусот Агенда 20-24, во организација на СДСМ.
Таа изрази уверување во сигурна победа на изборите, а со тоа и продолжување на развојот на општините.
128 документи граѓаните можат да ги добијат по електронски пат, но ние во нашата програма која ја пишуваме периодов заедно со граѓаните, преку овие дебати што ги организираме, предвидуваме целосна дигиталзиација на буквално сите општини со крајна цел граѓаните за своите услуги, особено со вадење документи, воопшто да немаат контакт со администрацијата, а тоа ќе ја намали корупцијата и ќе создаде побрз систем“- пренесе Симеска Димоска.
На крајот зборуваше за локалните претпријатија и институциите кои имаат долгови,а голем дел од нив се со блокирани сметки затоа што во изминатите децении никој не водел сметка за нивната ефикасност и функционалност.
Во следните две години ќе инвестираме 40 милиони евра, преку грантови и поволни кредити, во опремување на комуналните претпријатија. Да им обезбедиме современа техника и опрема. Со тоа тие да можат да почнат да ја извршуваат својата основна дејност, а потоа да започнат со спроведување на програми за развој. Голем дел од овие долгови се врз основа на камати, но тука во моментов ништо не можеме да направиме затоа што опозицијата го има блокирано законот со кој имаме намера да ги избришеме долговите врз основа на камати. Но, тоа ќе потрае уште малку затоа што новата влада нема да отстапи од намерата да создаде функционални и модерни јавни претпријатија, рече Симеска Димеска.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.