• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сибиха: Прекинот на огнот во Украина е сложен процес, прашање е како да се следи и почитува

Сибиха: Прекинот на огнот во Украина е сложен процес, прашање е како да се следи и почитува

Киев, 17 март 2025 (МИА) - Постигнувањето прекин на огнот во Украина е многу сложен процес, бидејќи се поставува прашањето како да се следи и почитува, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во интервју за новинската агенција РБЦ.

„Уште еднаш ќе нагласам дека ова е привремен прекин на огнот. Ова во никој случај не е замрзнат конфликт, туку привремен прекин на огнот за 30 дена, како што е наведено во нашата заедничка изјава со американската делегација“, рече Сибиха, пренесе агенцијата УНИАН.

Според него, искуството на Украина со „договорите од Минск“ покажува дека тоа е сериозен предизвик и дека може да се очекуваат провокации од Руската Федерација.

„Русите не се придржуваат до нивните договори и нивната практика е веднаш да го прекршат прекинот на огнот. Значи, навистина треба да имаме ефикасен механизам за објективна контрола со меѓународна компонента. Овде се поставува прашањето кој може да спроведе таков мониторинг, бидејќи секако има национална компонента, не може да биде без нас бидејќи ова се случува на наша територија“, рече Сибиха.

Шефот на украинската дипломатија додаде дека Украина веќе почнала да формира национален тим кој ќе развива модалитети за спроведување на овој процес. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан