• понеделник, 15 декември 2025

СЗО предупредува на трајно влијание од гладот ​​врз цела генерација жители на Газа

СЗО предупредува на трајно влијание од гладот ​​врз цела генерација жители на Газа

Газа, 13 мај 2025 (МИА) - Нивоата на неухранетост во Газа се зголемуваат, а гладот ​​би можел да има трајни последици врз „цела генерација“, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) за окупираните палестински територии, Рик Пеперкорн.

Тој додаде дека видел деца во болници кои изгледале неразвиени за нивната возраст.

-Без доволно хранлива храна, чиста вода и пристап до здравствена заштита, цела една генерација ќе биде трајно погодена, рече Пеперкорн на прес-конференција преку видео врска од Деир ал-Балах, предупредувајќи на опасните здравствени услови во кои живеат Палестинците во Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан