• недела, 12 мај 2024

Се чисти браната во месноста Моклиште 

Се чисти браната во месноста Моклиште 

Кавадарци, 3 ноември 2023 (МИА) - Се чисти браната во месноста Моклиште, информираа вечерва од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.  

- Се работи на чистење  на браната во месноста Моклиште, материјалот ќе биде искористен за реконструкција на фудбалското игралиште во спортскиот центар Јасмин, каде што во втора фаза ќе се посее нова тревна површина, како и нивелирање на фудбалското игралиште во село Дреново. Овој проект се реализира како донација од фирмите „Градба промет", „ЈА МИ", „АС машини", „Анел маг" и „Томи шпед“, соопштија од Службата за информирање при Општината. 

Оттаму додадоа дека денеска започна изградбата на потпорен sид на улицата Витачево, со цел оформување на тротоар за безбедно движење на пешаците. Изведувач на работите е фирмата „АС машини". свд/ев/

Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан