• понеделник, 23 декември 2024

Се уредува кејот на реката Луда Мара од Земјоделското училиште до кавадаречката болница

Се уредува кејот на реката Луда Мара од Земјоделското училиште до кавадаречката болница

Кавадарци, 11 ноември 2023 (МИА) - Се уредува кејот на реката Луда Мара од земјоделското училиште до кавадаречката болница, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

- На општо задоволство на сите, ветеното е сторено. Во тек на реализација е уште еден проект од изборната програма. Ова е проект од особено значење за овој дел на градот. Изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци ќе го дополни убавиот кеј, кој се протега до селото Ваташа. Со цел, за убаво Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија дека се гради минор коритото, а ќе се постават и ново улично осветлување и урбана опрема. 

-Ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Финансиската конструкција за овој проект изнесува еден милион евра, нагласија од кабинетот на Јанчев. свд/вг/


Фото : ФБ на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан