• понеделник, 23 декември 2024

Се тестира квалитетот на водата од новата филтер станица во делчевското село Тработивиште

Се тестира квалитетот на водата од новата филтер станица во делчевското село Тработивиште

Делчево, 2 мај 2024 (МИА) – Во Делчево се тестира квалитетот на водата од новата филтер станица. Поради ова од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Делчево препорачаа додека траат проверките, водата од водоводниот систем да се користи единствено за техничка употреба.

- Во текот на денешниот ден од страна на Центарот за јавно здравје ќе се врши тестирање на квалитетот на водата од филтер станицата. Поради наведеното се препорачува водата од водоводниот систем да не се користи за пиење, односно само како техничка вода, се до добивање на резултатите од анализата, информираа од ЈКП „Брегалница“ Делчево.

Во рамки на активностите, како што додадоа наизменично ќе бидат ставени во функција сите линии во филтер станицата.

- Приликата ја користиме да известиме дека изведувачот на работите во Тработивиште ги има завршено сите работи и дека ќе претстои примопредавање на новата филтер станица, додадоа од ЈКП „Брегалница“. вс/ир

Фото: МИА

Остани поврзан