Се реконструира штипската улица „Димо Хаџи Димов“
- Почна реконструкцијата на два крака од штипската улица „Димо Хаџи-Димов“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека освен улицата, се уредува и паркинг простор. Станува збор за улица која е тешко пристапна, и ова е по барање на жителите од овој дел од градот. Јорданов посочи дека се издвоени нешто помалку од еден милион денари од страна на општината за реконструкција на улицата.
Штип, 22 јули 2025 (МИА) – Почна реконструкцијата на два крака од штипската улица „Димо Хаџи-Димов“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека освен улицата, се уредува и паркинг простор. Станува збор за улица која е тешко пристапна, и ова е по барање на жителите од овој дел од градот. Јорданов посочи дека се издвоени нешто помалку од еден милион денари од страна на општината за реконструкција на улицата.
-Ова коешто моментално се презентира е асфалтирање на дел од улица „Димо Хаџи Димов“, асфалтирање на една паркинг површина и на два крака од улицата која е тешко пристапна согласно конфигурацијата. Овде жителите бараа од нас да добијат асфалт на улицата заради проблемите со годините нанзад, изјави Јорданов.
Посочи дека летово согласно Програмата за работа на општината предвидено е да се реконструираат и асфалтираат рекорден број на улици.
-Ќе се продолжи со асфалтирање на дел од улица „Сутјеска“. Практично ќе се работи на неколку други локации, коишто веќе се започнати. Согласно предвидениот план за работа во Програмата за уредување на градежно земјиште се предвидуваат уште десетина улици да бидат комплетно реконструирани и со тоа ова лето да го заокружиме со рекорден број на асфалтирани и реконструирани улици, рече Јорданов. вдј/ац/
Фото: МИА