• недела, 22 декември 2024

Се поставува нова водоводна мрежа во населбата кај поранешната касарна во Гевгелија

Се поставува нова водоводна мрежа во населбата кај поранешната касарна во Гевгелија

Гевгелија, 30 ноември 2023 (МИА) - Во Гевгелија во тек се градежните активности за поставување нова водоводна мрежа во Урбан блок 5 каде никнува нова населба, кај поранешната касарна.

Како што информираа од локалната самоуправа, се работи за изградба на два краци од водоводна линија во вкупна должина од 737 метри, како дел од проектот на Општината за подобрување на квалитетот и проширување на мрежата за водоснабдување во урбаните средини во Гевгелија, а во Урбан блок 5 во тек е изградбата на неколку нови колективни и индивидуални станбени објекти.

Од Општината најавуваат дека во овој урбан блок наскоро ќе почне и изградбата на нова фекална канализација, со што ќе се обезбеди целосна комунална инфраструктура во овој дел на градот.рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан