• понеделник, 27 мај 2024

Се обележува вертикална и хоризонтална сигнализација на повеќе локации во Кавадарци

Се обележува вертикална и хоризонтална сигнализација на повеќе локации во Кавадарци
Кавадарци, 7 јули 2022 (МИА) - Поставени се четири легнати полицајци на улицата ,,Методија Џунов-Џикот’’ и паралелно се продолжува со обележување на комплетна вертикална и хоризонтална сигнализација, на повеќе локации во градот. За ова денеска информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Откако претходно беше пробиен, во моментов се поплочува кракот од улицата ,, Браќа Хаџи-Тефови’’. Изведувач на работите ќ е фирмата ,,Павер трејд", соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Од кабинетот на Јанчев нагласија дека локалната самоуправа, подеднакво се грижи како за урбаните, така и за руралните средини во општината Кавадарци. свд/сст/

Остани поврзан