• недела, 12 мај 2024

Од полноќ нова цена на мазутот, цената на бензините непроменета

Од полноќ нова цена на мазутот, цената на бензините непроменета

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Од полноќ се зголемува цената на Мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Согласно новата одлука, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,017 ден/кг, и од полноќ тој ќе се продава по цена од 41,937 ден/кг. 

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 78,50 ден/лит, а дизелот по цена од 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 72,50 ден/литар. ев/нд/

 

Остани поврзан