• петок, 22 ноември 2024

Се довршува фрескописот во црквата Св.Јован Крстител во делчевското село Ѕвегор

Се довршува фрескописот во црквата Св.Јован Крстител во делчевското село Ѕвегор

Делчево, 11 јануари 2023 (МИА) - Се довршува фрескописот во црквата Св.Јован Крстител во село Ѕвегор. За довршување на ентерирерот како што информираат од црковниот одбор за прв пат се употребува уникатна техника за поставување фрески на платно од стаклена прашина со дигитална изработка. Завршната изработка ќе трае до пролетта 2024 година, кога според фирмата изведувач се очекува внатрешноста на црквата ,,Св.Јован" во селото Ѕвегор да биде довршена.

-Ние сме екипа од Бугарија која се занимава со производство на црковен мебел и зографство на храмови. Фреските ги изработуваме со технологија со широкоформатни принтери. Се зема прво размер на храмот и потоа останатите се прави по компјутерски дизајн. Потоа се врши печатење и започнува положувањето на тапетите на ѕидовите откако претходно е земена мерка, истакнаа од фирмата изведувач.

Ова е нивна прва црква на која поставуваат фрески со оваа дигитална вештина.

-Во Македонија ни е прва цеква, имаме работена на една во Србија и десетина во Бугарија. На балканот оваа техника се појавува од пред десетина години, но овде е ретка. Очекуваме некаде за месец ипол да завршиме овде и потоа да видите каков е финалниот изглед, додаваат мајсторите.

Доуредувањето на фрескописот во село Ѕвегор е на иницијатива на Делчо Гошев кој потекнува од ова село, а истата се реализира со поддршка на црковниот одбор и иселениците од ова село од повеќе земји во Европа и светот. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан