• вторник, 26 ноември 2024

„Се движам, значи постојам“ – дефиле по Широк сокак на лица со телесен инвалидитет

„Се движам, значи постојам“ – дефиле по Широк сокак на лица со телесен инвалидитет

Битола, 6 октомври 2024 (МИА) - Здружението на лица со телесен инвалидитет „Монилност“ од Битола, Демир Хисар и Ресен, претпладнево по Широк сокак ќе одржи дефиле кое годинава ќе се одвива под мотото „Се движам, значи постојам“.

Дефилето на лицата со телесен ивалидитет ќе почне во 10 часот од пред плоштадот „Магнолија“ и ќе се одвива по Широк сокак и според програмата манифестацијата ќе заврши со литетартурно читање кое го организираат членови на литературниот клуб „Изгрев“ од Демир Хисар.

Избраните творби се пишувани на тема „Чекориме во ритамот на пишаниот збор“, информираа организаторите на денешното дефиле на лицата со инвалидитет. мт/сст/

Фото: Здружение „Мобилност“-Битола

Остани поврзан