• среда, 17 јули 2024

Се асфалтира улицата “Малешевска” во Драчево

Се асфалтира улицата “Малешевска” во Драчево

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - Завршена е реконструкцијата на последните 800 квадратни метри на улицата „Малешевска” во Драчево.

Од Општина Кисела Вода информираат дека на оваа улица ќе е се градат нови тротоари поплочени со павер елементи и ќе се постават нови рабници.

-Со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во населбата Драчево, се подобруваат условите за живеење на сите жители од овој дел на општина Кисела Вода, соопштуваат од општинската прес-служба.

Од Општина Кисела Вода најавуваат дека инвестициониот циклус во насока на подобра инфраструктура ќе продолжи низ сите месни и урбани заедници за да се постигне рамномерен регионален развој. фф/нд/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан