• понеделник, 20 мај 2024

Сесија на НКЕУ-МК на тема „Пазарот на земјоделски производи во услови на КОВИД-19 пандемијата“

Сесија на НКЕУ-МК на тема „Пазарот на земјоделски производи во услови на КОВИД-19 пандемијата“
Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) - Работната група 1 на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија за Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) денеска ќе ја одржи втората сесија на тема „Пазарот на земјоделски производи во услови на КОВИД-19 пандемијата“. Видео-конференцијата ќе се одржи онлајн преку платформата ЗУМ, со учество на врвни експерти од земјата и Словачка. Сесијата, како што најавуваат организаторите, ќе даде можност да се разговара отворено за прашањата поврзани со нарушување на односите на пазарот на земјоделски производи, потоа, како да се надминат „тесните грла“ во поглед на производството, откупот, дистрибуцијата и други прашања, а од исклучително значење е споделувањето на словачките/европските  мерки за динамизирање на секторот како еден од највиталните сектори за одржување стабилност и во другите економски гранки. аа/сп/

Остани поврзан