• недела, 24 ноември 2024

Серија А: Утрешниот натпревар Џенова – Јувентус без гледачи

Серија А: Утрешниот натпревар Џенова – Јувентус без гледачи


Рим, 27 септември 2024 (МИА) – Натпреварот меѓу Џенова и Јувентус во рамки на италијанското фудбалско првенство утре ќе се игра без навивачи на трибините поради неодамнешното насилство во Џенова на градското дерби против Сампдорија во Купот на Италија, соопштија денеска локалните власти.
По препорака на Опсерваторијата за спортски настани, која ги надгледува безбедносните прашања, властите на Џенова одлучија натпреварот да се игра зад затворени врати на трибините на стадионот „Луиџи Ферарис“.
Во средата, натпреварот помеѓу Џенова и Сампдорија беше проследен со судири, пред и по натпреварот. Голем број навивачи од два та клуба беа хоспитализирани и уапсени, а во нередите беа повредени и 41 полицаец.
Слична мерка се очекува и за следниот натпревар на Сампдорија на 4 октомври против Јуве Стабија во Серија Б.
Од почетокот на сезоната неколку натпревари во Италија беа прекинати поради инциденти, петарди и димни бомби меѓу противничките навивачи. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан