• петок, 22 ноември 2024

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Охрид

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Охрид

Скопје, 3 февруари 2024 (МИА) - Шестото издание на проектот „Добри гости“ ќе се одржи денеска во Охрид, како пред настан и во рамки на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи 2024“, со поддршка на Општина Охрид.

Организатори се Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје во соработка со „Скопскиот поетски фестивал“ и „Култура Бета“. Преку проектот се иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

На шестото издание на „Добри гости“ во Охрид ќе учествуват: Андреј Ал-Асади, Павлина Атанасова, Николина Андова Шопова, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Иван Антоновски, Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски, Марија Ангеловска, Марина Шикова Димовска, Д. А. Лори, Стефан Костоски, Иван Шопов, Јордан Коцевски, Марина Шокева, Мирко Томовски, Митко Колјушевски, Митре Мангоски Радождански, Смиле Наумоски Брсјак, Маја Мојсова, Тони Попов, Христина Цветаноска, Јован Цветкоски, Матеа Стоев и Наталија Танеска.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар и во Куманово. Планирани се гостувања во уште градови низ земјата, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори. дма/са/

Фото: „ПНВ Публикации“

Остани поврзан