• среда, 04 декември 2024

Сенатот ќе ја разгледа кандидатурата на Гарленд за главен обвинител на САД

Сенатот ќе ја разгледа кандидатурата на Гарленд за главен обвинител на САД
Вашингтон, 1 март 2021 (МИА) - Одборот за правда на американскиот Сенат денеска ќе ја разгледува кандидатурата на Мерик Гарленд за главен обвинител на САД. Ако одборот ја потврди кандидатурата, за негово именување ќе се гласа во Горниот дом на Конгресот. Гарленд за прв човек на американското Министертво за правда е номиниран од претседателот Џо Бајден. Тој има поддршка како од демократите така и од повеќе републиканци, кои се повикуваат на неговото долгогодишно искуство и работа како обвинител и судија. Гарленд вети зголемени активности во одделот за човекови права при Министерството за правда, кое, според некои набљудувачи, не покажа резултати во истрагите околу полициското насилство за време на извршувањето на задачите на полицијата. За разлика од својот претходник, Вилијам Бар, кој во Конгресот еднаш изјави дека систематскиот расизам не треба да се смета за болест што го нападнала американскиот правосуден систем, Гарленд за време на распитите во Сенатот изјави дека тој систем не обезбедува правда подеднакво за сите Американци. Законодавците се очекува да ја одобрат кандидатурата на Гарленд. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан