Сенатот ја назначи Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД
- Сенатот на САД ја одобри номинацијата на Кетанџи Браун Џексон за судијка во Врховниот суд на САД со 53 гласови за и 47 против.
Вашингтон, 7 април 2022 (МИА) Сенатот на САД ја одобри номинацијата на Кетанџи Браун Џексон за судијка во Врховниот суд на САД со 53 гласови за и 47 против.
Џексон (51), е 116. судија на Врховниот суд на САД, доаѓа од федералниот апелационен суд и е првата Афроамериканка што ќе служи на оваа важна судско-правна позиција.
Таа, исто така, им се придружи на трите други жени судијки кои сега служат во судот: Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет. Сo ова се одбележува уште еден историски факт, кога првпат во историјата на Врховниот суд на САД со него ќе заседаваат четири жени.
Вкупниот број членови на судот е девет. кб/