• недела, 22 декември 2024

Селекторот на Јужен Судан ги нападна судиите од мечот со Србија: „Травестија“

Селекторот на Јужен Судан ги нападна судиите од мечот со Србија: „Травестија“

Париз, 4 август 2024 (МИА) - Селекторот на Јужен Судан, Ројал Ајви, го изрази своето незадоволство од судењето по поразот од Србија со 96:85.

-Каква травестија, каква травестија! Моите момци ги вложија срцето и душата во играта... Каква травестија! Тоа е се што имам да кажам, изјави 42-годишниот американски стручњак за литвански „Баскетњуз“.

Долгогодишниот НБА играч доби техничка грешка затоа што реагираше бурно.

-Видете ги слободните фрлања, пред се. Добија шанса да шутираат 31 пат, а ние шест. Како? Се обидов да разговарам со нив, но тие не сакаа, ми дадоа техничка. Тие беа загрижени дека целата клупа е на нозе. Беа загрижени што ја преминувам границата, а не за нивното судење. Каква врска има тоа со играта, праша Ајви.

Иако огорчен, тој ја пофали српската репрезентација.

-Моите момци се натпреваруваа. Направија се што барав, останаа на планот. (Никола) Јокиќ е одличен играч. (Богдан) Богдановиќ е одличен играч, но (само) двајца не можат да не победат. Богдановиќ имаше 30 поени, а Џокер 22 поени, а упати 12 шута од слободни фрлања. Објаснете ми го тоа, лут беше Ајви.

На Јужен Судан му недостигаа само неколку бодови за соодветна кош-разлика разлика и пласман во четвртфиналето на олимпискиот турнир. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан