Секоја боја во пастата за заби има своја улога
- Секоја боја има различни состојки со одделни ефекти врз забите. Се чини, поради некоја причина, велат познавачи, производителите на пасти за заби не се потрудиле доволно да им објаснат на потрошувачите зошто нивните пасти имаат одредена боја.
Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Многу луѓе ја опишуваат пастата за заби како тробојна смеса што се става на четка за заби. Изборот на бои не е случаен, т.е. производителите со причина ги полнат тубите со бел, бело-сино-црвен производ или сосем друга комбинација.
Секоја боја има различни состојки со одделни ефекти врз забите. Се чини, поради некоја причина, велат познавачи, производителите на пасти за заби не се потрудиле доволно да им објаснат на потрошувачите зошто нивните пасти имаат одредена боја.
Белите пасти, на пр. содржат супстанции кои го отстрануваат плакот и спречуваат појава на кариес.
Црвената лента во смесата главно има активни состојки неопходни за нега на непцата, а пак, сината лента служи за освежување на здивот. Покрај тоа, сините пасти содржат и состојки со антимикробно дејство.
Има и пасти со зелена, наместо сина линија.
Некои истражувања, сепак, посочуваат дека во некои случаи боите немаат никаква врска со ефектите, туку тоа е рекламно-маркетиншки потег бидејќи е откриено дека луѓето купуваат повеќе пасти со три бои. си/паг/
Фото: Пиксабеј