• петок, 22 ноември 2024

Седумнаесет македонски спортисти ќе настапат на Европските игри

Седумнаесет македонски спортисти ќе настапат на Европските игри

Краков, 20 јуни 2023 (МИА) – Полскиот град Краков од утре до 2 јули ќе биде домаќин на Европските игри на кој ќе настапат вкупно 17 македонски спортисти во седум спортови.

Македонската делегација пристигна во Краков каде на втората најмасовна спортска манифестација по Олимписките игри ќе настапи во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев, Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени).

Македонското знаме на церемонијата на отворање на Игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов.

За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичари и атлетичарки. ег/ац/

Фото: МОК

Остани поврзан