• понеделник, 23 декември 2024

Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив

Седуммина ранети во сомнителен напад во трговски центар во Тел Авив

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Најмалку седум лица се ранети во пукање доцна попладнево во трговски центар во Тел Авив, според службите за итни случаи, во, како што соопшти полицијата, сомнителен „терористички“ напад.

„Најмалку седум лица се ранети на две различни места“, рече шефот на итната медицинска помош, Ели Бин.

Две од застреланите лица се во критична состојба. 

Најмалку двајца терористи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка, извршија напад во Јафа, според инсерти од надзорните камери.

Според дел од израелските медиуми, еден од нив бил застрелан од полицијата. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан