• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седуммина загинати во несреќа со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос (ДПЛ)

Седуммина загинати во несреќа со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос (ДПЛ)

Атина, 3 април 2025 (МИА) – Безживотните тела на уште три лица биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос, со што бројот на загинати откако чамец со бегалци и мигранти се преврте, се зголеми на седум, а спасени се 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крјабрежната служба информираа дека од рано утрово во тек е спасувачката акција во вода, на копно и од воздух, вклучени се три патролни бродови, еден брод што плови во близина, четири возила и хеликоптер на военото воздухопловство.

Спасени се 23 бегалци и мигранти, првично беа извлечени четири безживотни тела, а подоцна уште три, додека акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнати.

Според грчките медиуми во чамецот имало 31 лице. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан