• петок, 22 ноември 2024

Седумдесетгодишен маж под истрага за полови дејствија спрема дете

Седумдесетгодишен маж под истрага за полови дејствија спрема дете

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот 70-годишник, како што се наведува во соопштението, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство и непречено водење на кривичната постапка: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва., се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. сан/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан