• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Седница на собраниската Комисија за економски прашања
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања. Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, во второ читање и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање, се на дневниот ред на седницата. Како што е најавено, пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Јавни претпријатија, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, во прво читање. цр/лв/

Остани поврзан