• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: ТЕ-ТО ќе произведува струја за АД ЕСМ до крајот на март, обезбедено е парно греење за Скопје

СДСМ: ТЕ-ТО ќе произведува струја за АД ЕСМ до крајот на март, обезбедено е парно греење за Скопје
Скопје, 31 јануари 2022
 
Владата предводена од СДСМ на вчерашната сеница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство.
Тоа значи дека Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност до 31 март 2022 година, а целата произведена енергија ќе биде откупена од АД ЕСМ.
Со ова се обезбедува континуирано парно греење за Скопје.
Како што вети, Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите со кризата за топлинска енергија.
За разлика од неодговорниот однос на градоначалничката Данела Арсовска која не презема ништо да им помогне на скопјани, СДСМ преку институциите што ги предводи презема навремени и ефикасни решенија за надминување на последиците предизвикани од енергетската криза.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан