• сабота, 03 август 2024

СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија

СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија

Скопје, 2 август 2024  

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини? 

Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе од очигледно е дека некој се обидува да ставу одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.

Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго. 

Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан