• недела, 22 декември 2024

СДСМ Скопје: ВМРО-ДПМНЕ го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно

СДСМ Скопје: ВМРО-ДПМНЕ го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно
12 октомври 2021  реакција На вечерашниов митинг на ВМРО-ДПМНЕ, одржан среде барокното „Скопје 2014“, кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска изјави „ќе иницираме и заштита на Водно со закон, Водно слободно од автомобили“. Јавно ја прашуваме Данела Арсовска: Од кого ќе го заштитува Водно, дали од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ која го уништи со изградбата на „Сончев град“, со патот до „Сончев град“ од речиси 10 милиони евра, со панорамската кула на врвот од десетици милиони евра, со „Беверли Хилс“ на Водно? Дали ќе го штити од криминалната урбанизација од страна на нејзиниот ментор Груевски, кој си купуваше шумски парцели и криминално менуваше урбанистички планови за изградба на барокни хациенди? Или можеби ќе го штити Водно од Коце Трајановски кој фрли во ветар стотици илјади градски пари за неговиот налудничав проект за изградба на ски-патеки со кој требаше да се исече огромен дел од парк-шумата на Водно? За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно, ние ги елиминиравме метежот со бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг во катните гаражи за тие што ќе го користат, со физичко оградување на просторот и со паркинг со којшто ги финансираме новите рекреативни патеки на Водно. Ние го заштитивме Водно, не само од „Јужната Обиколница“, туку и од криминалната урбанизација и бетонизација од страна на урбаната мафија на ВМРО-ДПМНЕ. Скопјани многу добро знаат кој го уништуваше Водно, а кој го штити од криминалната урбанизација и бетонизација, и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ќе бидат казнети на локалните избори на 17 октомври.   Градска организација на СДСМ _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан