• вторник, 02 јули 2024

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра
Скопје, 21 септември 2022  Осми ден трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за евентуалната позврзаност на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје. Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот директор и поранешен шеф на кабинетот на Мицкоски, Златко Перински со денови меѓусебно се обвинуваа за наводни криминали за тендерот од 136 милиони евра. За сето тоа време, Мицкоски молчи и не одговара на јавно поставените прашања за негова наводна поврзаност. Јавноста периодов сведочи на кулминација на внатрешните превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител - пари. Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не се грижи за интересите на граѓаните туку единствено за бизнис интересите на поединци. Ништо не се менува во белиот дворец. СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан