• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Новата Влада е посветена на решавање на предизвиците

СДСМ: Новата Влада е посветена на решавање на предизвиците
Скопје, 17 јануари 2022 Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Новата Влада предводена од СДСМ само што ја презеде функцијата, а од Белата палата почнаа со канонада обвинувања на нејзина сметка. Енергетската криза е глобален проблем, а економската криза е последица на пандемијата на коронавирусот, со која се соочува цел свет. Нив не ги предизвика СДСМ, но за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада веднаш се зафаќа со решавање на предизвиците, кои стојат пред неа. Владата го амортизира ценовниот шок од покачувањето на цената на електричната енергија на светските берзи со вбризгување средства кај енергетските компании и со дополнителна финансиска помош за најранливите категогии граѓани за плаќање на сметките за струја. Исто така обезбеди топлинска енергија за скопјани, додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ се прогласи за ненадлежна и соопшти дека нема пари во градската каса за помош на скопјани среде глобална енергетска криза. Фокусот на новата Влада е економски раст, инвестиции, зголемување на животниот стандард на граѓаните, со раст на платите и пензиите, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на деструкции, блокади и работа против интересите на граѓаните. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан