• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски шест пати губи на избори

СДСМ: Мицкоски шест пати губи на избори
Скопје, 25 декември 2020 -  Капацитетот на Христијан Мицкоски е толкав, што може за три години да спечали шест порази на изборно соочување со граѓаните. Мицкоски беше поразен на локалните избори во 2017 година како носител на листата на Град Скопје. Беше поразен и на референдумот во 2018 година кога граѓаните одлучија да го поддржат Преспанскиот договор и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги загуби претседателските избори во 2019, а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село. Само пред пет месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а последниот црвен картон го добија на изборите во Штип, кога граѓаните ги поразија блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. Засега Мицкоски толку може, а ако продолжи да стои на спротивната страна од интересите на граѓаните и на државата, изолиран во сопствените лаги и деструкции ќе продолжи да реди порази на сите наредни избори. Граѓаните му порачаа дека бираат стабилна иднина, дека довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и јасно кажуваат НЕ за лаги, манипулации, деструкции, опасност и нестабилност. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан