• недела, 07 јули 2024

СДСМ: Мицкоски ги поткопа државните позиции, усвоена Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија

СДСМ: Мицкоски ги поткопа државните позиции, усвоена Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија
Скопје, 3 јуни 2022 Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија. Клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“ Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија. Лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така? Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа Резолуција? На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан