• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

8 јули 2024 

Вашингтон - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО. 

Скопје - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието, ќе одржи состанок со претставниците од Секретаријатот на Енергетската заедница, на кој ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2023 година. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. (Музеј на македонската борба/9:00) 

Скопје - Првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за Социјална политика Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиун, и пратеникот Беким Сали ќе се сретнат со претставниците на Здружението на пензионери на Чаир. (Канцеларии на Здружението лоцирана во Топанско Поле на улица Ѓорѓи Поп Христов/10:30)(https://maps.app.goo.gl/8nddyHkevLynFeEN7?g_st=com.google.maps.preview.copy)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 14 сесија на Работната група 4 „Правда, слободи и безбедност“ (Поглавје 24) на тема: „Преку професионалност и интегритет до транспарентност и отчетност во полициското работење“. (х. Панорамика/12:00)

Скопје - Седница на Судскиот совет. (9:30) 

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи седмата седница. (Јoin Zoom Meeting
https://zoom.us/j/95942107909?pwd=PzlLThEGSXxUehgpskotLX8ooOJyuH.1/10:00)

Струга - Прогласувањето на добитникот на наградата „Млада Струга“ за 2024 година, која што се доделува во соработка со Јуроп Хаус Струга. (Јуроп Хаус Струга/11:30)

Скопје - Промоција на книгата „(Пре)врски- препознавање нарцисоидна злоупотреба" на Слаѓана Васовиќ. (кафе бар „Среќа", бул. „Трета македонска бригада“ бр.60/ 19:00) 

Скопје - Во рамки на културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028 ќе биде отворена самостојната изложба „Пчела“ на Љубе Алексовски по повод 40 години јубилеј. (Галерија Ко-ра/мал салон/13:00) 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 


 

Остани поврзан