СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари
- Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот.
![СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари](https://new.mia.mk/images/20240714195212_big_730x400_15.webp )
Скопје, 14 јули 2024
Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот. Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба.
Откако СДСМ вчера вечер алармираше, дури по три часа Владата се смогна да прогласи кризна состојба. Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведат во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки