• недела, 22 декември 2024

СВР Штип: Во рок од 15 месеци 12 граѓани од истокот измамени со подигање на брзи кредити

СВР Штип: Во рок од 15 месеци 12 граѓани од истокот измамени со подигање на брзи кредити

Штип, 4 април 2023 (МИА) - Во рок од 15 месеци на подрачјето на СВР Штип дванаесет граѓани пријавиле дека се измамени со подигање на брзи кредити, покажуваат статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека оваа бројка е за лани и привите три месеци од оваа година.

-Ве информираме дека во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити. СВР Штип до надлежното ОЈО  во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности  за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, вели во писмената изјава Панајотова.

СВР Штип апелира до граѓаните да бидат претпазливи, да внимаваат во комуникацијата со непознати лица и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатните телефонски броеви 192 и 112.

Последен случај за измама за  брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан