• сабота, 16 ноември 2024

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ 

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ 

Тетово, 12 авгсут 2023 (МИА) - Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. 

Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Пред концертот на публиката и се обратија и Албин Курти ио Биљал Касами.

- Северна Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира ни од Милошевиќ, ни од Путин. Вака Северна Македонија ќе биде што поблиску до зачленувањето во ЕУ, а нашиот регион на Балканот ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да и помагаме и ќе ја поддржиме Северна Македонија, истакна од говорницата Албин Курти.

Претходно, во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Билал Касами заедно потоа го посетија планинското село Вејце. Двајцата се заложија за побрза изградба на патниот правец Тетово - Призрен кој би минувал низ Шар Планина. ас/цр

Фото: фејсбук Биљал Касами 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан