• вторник, 05 ноември 2024

Светски ден на пчелата

Светски ден на пчелата

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска ќе биде организиран настан по повод Светскиот ден на пчелата. Целта е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата.

Првиот дел од настанот ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во Автокоманда, а вториот на платото пред ФЗНХ, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“ каде е предвидено да сe засадат медоносни растенија. Акцентот годинава е ставен на младите и нивното знаење за пчелите и пчелните производи.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе биде одржана и ликовна колонија на теми посветени на пчелите, а ќе бидат поставени и штандови со пчелни производи за пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Како што најавува Словенечката амбасада, присутни ќе бидат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на резидентната координаторка на ОН во земјава, Росана Дудзиак, на амбасадорот на Република Словенија Грегог Прескер, на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и на деканот на ФЗНХ, Миле Маркоски. На настанот ќе има и претставници од партнерските организации во областа на пчеларството и заштитата на животната средина.

Амбасадата потсетува дека одбележувањето на овој ден почна на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз. Иницијативата беше усвоена од ОН во 2017 година, а 20 мај, роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша, од тогаш е прогласен за Светски ден на пчелите. мч/дма/

фото: МИА архива и плакат
 
 

Остани поврзан