• сабота, 06 декември 2025

Саша Барон Коен упаднал маскиран на десничарски собир (видео)

Саша Барон Коен упаднал маскиран на десничарски собир (видео)
Вашингтон, 29 јуни 2020 (МИА) - Познатиот контроверзен и, според многумина - ексцентричен британски комичар Саша Барон Коен упадна на собир на крајни десничари во Вашингтон, маскиран, и отпеа расистичка песна за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација. Целта на тоа беше да ги исмее организаторите на настанот. Собирот на американско-канадската десничарска група што себе се нарекува „Триотстотници“ (Three Percenters), се одржа во паркот „Херитиџ“ завчера во Вашингтон, САД. Беше насловен како „Марш за нашите права 3“, и на него учествуваа околу 500 приврзаници. Коен се појави делумно преправен и се претстави како лидер на политичка организација што сака да го спонзорира митингот. Тој со себе зеде и приватно обезбедување, што ги спречи организаторите на собирот да го исфрлат од сцената, но и да не му го исклучат микрофонот кога ќе почне да пее. https://www.youtube.com/watch?v=cUSoI7WtIr8 Во песната се вели оти противниците на организацијата треба да бидат заразени со коронавирус, но и дека Светската здравствена организација треба да биде „скратена“ како што „тоа го прават Саудијците“. Организацијата „Триотстотници“ е парамилитантна група основана 2008 година, во пресрет на изборот на Барак Обама како прв црнец претседател на САД. Американските власти ја означуваат како антивладина организација, а многумина во Канада ја сметаат за најопасната екстремистичка група во земјата.  си/сд/

Остани поврзан