• петок, 05 декември 2025

Саудиска Арабија најостро го осуди Иран за „неоправданиот“ напад врз Катар

Саудиска Арабија најостро го осуди Иран за „неоправданиот“ напад врз Катар

Ријад, 23 јуни 2025 (МИА) - Саудиска Арабија вечерва го осуди Иран за неговиот денешен „неоправдан“ напад врз американската база во Катар, нудејќи распоредување на „сите свои капацитети“ за да ја поддржи Доха, со која имаше затегнати односи во минатото.

Официјален Ријад соопшти дека „најостро ја осудува агресијата што ја започна Иран против сестринската држава Катар... Ова е неприфатливо и неоправдано под никакви околности. Кралството ја потврдува својата солидарност и целосна поддршка за... Катар и му ги нуди сите свои капацитети за да ја поддржи сестринската држава Катар во сите мерки што ќе ги преземе“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија.сд/
фото:МИА архива

Остани поврзан