• четврток, 21 ноември 2024

Саудиска Арабија назначи амбасадор во Сирија по прекинот на односите пред 12 години

Саудиска Арабија назначи амбасадор во Сирија по прекинот на односите пред 12 години

Ријад, 26 мај 2024 (МИА) - Саудиска Арабија денеска го објави назначувањето на својот прв амбасадор во Сирија по прекинот на односите со Дамаск пред 12 години.

Тој потег доаѓа откако Сирија минатата година беше повторно примена во Арапската лига, од која беше исфрлена во 2011 година поради бруталното задушување на антивладините протести.

Бунтот во тоа време се претвори во граѓанска војна во која досега речиси половина милион луѓе се убиени, а половина од 23-те милиони луѓе во земјата се раселени. зш/

Остани поврзан