• петок, 05 декември 2025
Сарма

Сармата е едно од најомилените традиционални јадења на Балканот, познато по богатиот вкус и мирис кој го исполнува домот. Подготвена со кисела зелка и сочен фил од месо и ориз, таа е совршено јадење за семејни трпези и празнични пригоди.

Состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 400 грама мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 150 грама ориз
  • сув зачин, црвена пипер, бибер
  • Сол по вкус
  • Топла вода по потреба 

Подготовка:
Листовите од зелката добро измијте ги под млака вода. Оризот добро измијте го сè додека водата не стане бистра.

Во сад ставете го ситно исечканиот кромид и пропржете го на малку масло, кога кромидот ќе омекне, додадете го меленото месо, зачинете со сол, бибер, слатка и лута црвена пипер и добро измешајте. Додадете го оризот и измешајте се заедно. Правете ги сармите така што ќе ставите малку од смесата на работ од листот зелка, па свиткајте и убаво подвиткајте ги страничните краеви за да не се одвиткаат при варењето. Дното на тенџерето обложете го со остатокот од зелката исечен на ситно, па почнете да ги редите сармите. Оставете мал простор меѓу нив, бидејќи ќе нараснат додека се варат. Кога сè ќе наредите, прелијте со врела вода, зачинете по вкус со црвена пипер и сол и варете под капак околу 40-60 минути на умерена температура.

 

 

Фото: Фрипик

Тагови

Остани поврзан