• понеделник, 23 декември 2024

Сари го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

Сари го продолжи договорот со Лацио до 2025 година
Рим, 2 јуни 2022 (МИА) - Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го продолжи договорот со клубот до 2025 година. Сари го презеде тимот минатото лето. Во сезоната 2021/22, римскиот тим заврши на петтото место со 64 бода. Според „Corriere dello Sport“, Сари ќе добива плата од 3,5 милиони евра годишно. Во својата богата тренерска кариера Сари има водено 20-ина екипи од кои и фудбалски гиганти какви што се Јувентус, Челзи и Наполи. зс/

Остани поврзан