• петок, 05 декември 2025

Саракинов: Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Саракинов: Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Скопје, 4 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици. Токму ваквите згради зад мене се причината и заради која СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски и се во тајна коалиција со него, пуштајќи го нивниот партиски кандидат низ вода, изјави денеска носителот на кандидатската листа за советници во скопски Карпош Христо Саракинов. Изјавата ја пренесуваме интегрално. 

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски во својата изборна програма од 2021 година вети ни помалку ни повеќе туку 250.000.000 м2 нови зелени површини во општината.

Четири години потоа во Карпош не само што нема нови зелени површини, туку и постоечките се уништени, не се одржуваат, а наместо зеленило имаме десеткатници каде вообичаено би требало да има куќи за индивидуално домување или помали згради.

Ова овде зад мене е дел од Тафталиџе, кое некогаш беше најмирната населба во Карпош, сега е пренатрупана со згради вез никаков план за хумано живеење.

Вака изгледа кога профитот ќе се стави пред хуманото урбано живеење.

СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски за да да продолжи.

Глас за Стевчо Јакимовски е глас за забрзана бетонизација на секој чекор, уништено зеленило и повеќе профит во џебот на урбаната мафија на СДС, Филипче и Заев. ев/

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан