• вторник, 02 јули 2024

Санчез реизбран за шпански премиер

Санчез реизбран за шпански премиер

Мадрид, 16 ноември 2023 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска е реизбран за премиер на земјата, откако ја доби поддршката од мнозинството парламентарци.

Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската Влада го поддржаа 179 пратеници, а 171 беа против, пренесува шпанскиот весник „Паис“. На гласањето немаше воздржани.

Денешното гласање следеше по речиси дводневната дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусираше на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката за реизбор за функцијата премиер на Шпанија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан