• недела, 07 јули 2024

Сантос првпат во својата 111-годишна историја испадна во втората лига

Сантос првпат во својата 111-годишна историја испадна во втората лига

Сантос, 7 декември 2023 (МИА) - Бразилскиот фудбалски клуб Сантос испадна во Серија Б за прв пат во неговата 111-годишна историја. Своевремено за Сантос настапуваше легендарнито Пеле.

Сантос ноќеска загуби од Форталеза (1:2) во последното коло и го зазеде 17. место од 20 екипи на табелата во Серија А.

Во Бразил Сантос е еден од најтрофејните клубови. Осум пати ја освои шампионската титула, само Палмеирас има повеќе - 12. зс/

Фото: Фејсбук „santosfc“

Остани поврзан